Поврзете се со нас

Англија

Дени Марфи е против традиционалниот шпалир: Де Брајн ќе им аплаудира на играчи на Ливерпул кои…

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и член на уште неколку клубови од Премиер лигата, Дени Марфи смета дека популарниот шпалир низ кој поминува шампионот на Англија веднаш штом и математички ја освои титулата според него е непотребна работа.

Марфи смета дека треба да постои почит меѓу играчите и тврди дека секогаш поразените му честитале на шампионот и токму затоа посочи дека традиционалниот шпалир е глупост која не треба да се повторува во иднина.

– Тоа е една перцепција за покажување почит,  да се испрати порака на фудбалскиот свет кога некој ќе освои титула, покажувајќи почит кон противникот. Фактот што Сити тоа ќе го стори во четврток, покажувајќи понизност велејќи „секоја чест“ на Ливерпул е голема глупост според мене.

– Не знам каде и зошто започнала оваа традиција, но мене би ми било непријатно да го правам тоа. Би го направил тоа затоа што мора, но не затоа што сакам да го сторам затоа што не е направено со искреност.

– Ако јас бев играч на Ливерпул и Јунајтед ја освоеше титулата, тогаш ќе знаев дека се подобри од нас, ќе го почитував тоа и тие ќе знаеја дека ги почитувам. Фановите не сакаат да ве видат како го правите тоа, играчите навистина не сакаат да го прават тоа, мислам дека нема никакво значење, -изјави Марфи во интервју за „Ток Спорт“, а потоа даде и еден коментар поврзан со Кевин Де Брајн и дел од играчите на Ливерпул кои ќе се закитат со шампионската титула.

– Кевин Де Брајн веројатно е најдобриот играч од средниот ред во светот и тој ќе аплаудира на играчи кои не можат ниту да му ги заврзат копачките, -заврши Марфи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни