Поврзете се со нас

Олимписки игри

Денг: Србија е синоним за кошарка, но судиите свесно ги фаворизираа

Објавено

на

foto: x.com/SLAMonline

Јужен Судан загуби од Србија и со тоа го заврши настапот на кошаркарскиот турнир на Олимписките Игри.

Оваа африканска селекции имаше можност и со минимален пораз да се пласира во четвртфиналето, ама на крајот загуби со 11 разлика што значеше крај на олимпискиот сон.

Во таборот на Јужен Судан тешко се помируваат со поразот, па по селекторот Ројал Ајви кој ги обвини судиите дека имале директрно влијание врз резултатот својот став го искаже и претседателот на федерација и воедно асистент во националниот тим, некогашниот НБА ас Луол Денг.

-Се согласувам со многу од она што го изјави Ројал. Одиграв многу натпревари. Сè што доживеав во текот на целата моја кариера, како и три и пол годишното тренерско искуство, ми кажува дека арбитрите свесно го фаворизирале противникот. Знам дека Србија е синоним за кошарка, со години има исклучителна селекција. Сепак толкувањето на натпреварот покажа дека судиите знаат како играат нивните дефанзивци, а не се запознаени со стилот на нашите играчи.

-Не е во ред судиите да познаваат некои играчи и да им дозволуваат да го наметнат нивниот стил, а други не. Како да постои наратив и предрасуди дека Африканците се агресивни. Не знам зошто африканските кошаркарски судии не се дел од Олимпијадата. Ако веќе го претставуваме нашиот континент, тоа треба да го направиме целосно. Мораме да работиме на тоа, но и сите други судии мора да бидат запознаени со нашиот стил на игра – бидејќи во спротивно натпреварите како Светското првенство и ОИ го губат своето значење. Дозволено ли е само Европејците да бидат агресивни, -рече Денг кој во кариерата беше дел од Чикаго, Кливленд, Мајами, Лејкерс и Минесота.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни