Италија
Денес е „Денот Д“ за италијанскиот фудбал: Наскоро ќе се знае дали сезоната во Серија А ќе продолжи
Италијанските клубови веќе одреден период се подготвуваат во пресрет на евентуалното продолжување на сезоната во Серија А.
Се уште не е познато дали тоа ќе се случи, но работите ќе станат многу појасни по денешната видеоконференција која ќе ја води италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора.
Состанокот на кој се очекува конечната одлука ќе започне во 18:30 часот и веќе околу 20:00 часот ќе треба да се знаат сите детали околу рестартирањето на фудбалот на Апенините.
Медиумите на „чизмата“ пишуваат дека извесно е дека фудбалот ќе продолжи, но се уште не е познато кога ќе се случи тоа.
Во игра се два датуми и тоа 13 јуни и 20 јуни, а се чини дека вториот барем засега изгледа како најреална опција.
Освен првенството, во Италија ќе се одигра и купот, а во моментов се разгледува опција прво да продолжат натпреварите од Купот, а потоа да започне првенството.
Одговори на овие, но и на други прашања поврзани околу протколите ќе се дознаат вечерва по крајот на состанокот.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)