Поврзете се со нас

Англија

Ден за изненадувања во ПЛ: Прво реми за Ливерпул на „Енфилд Роуд“, Арсенал „без муниција“ против Евертон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Ливерпул и Арсенал направија неочекувани киксови на денешните средби во Премиер лигата, натпревари на кои беа домаќините во соочувањата со Фулам, односно Евертон.

Актуелниот лидер на табелата ремизираше со Фулам играјќи 2-2. Ова за избраниците на Арне Слот беше прво реми на „Енфилд Роуд“, резултат од кој на крајот можат и да бидат задоволни ако се земе предвид дека од 17 минута играа без исклучениот Робертсон, плус двапати се враќаа по водство на противникот.

Изненадувањето беше најавено од Переира во 11 минута за да неколку минути подоцна домаќинот претрпе уште еден удар затоа што Робертсон беше предвреме испратен на туширање.

„Црвените“ не се откажаа, покажаа карактер и во 47 минута Гакпо погоди за 1-1. Нов шок за Ливерпул донесе Муниз во 76, а конечните 2-2 ги постави нововлезениот Жота во 86 минута (ТУКА можете да ги погледнете сите голови)

Овој кикс не беше искористен од Арсенал кој немаше решение и не го скрши отпорот на Евертон на „Емирејтс“ (0-0).

На другите дуели Њукасл го разби Лестер со 4-0, а Ипсвич со погодок во судиското продолжение му пресуди на Вулверхемптон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни