Поврзете се со нас

Атлетика

Ден за историја: Украинката Махучих го собори рекордот на Костадинова од 1987 година (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/Diamond_League

Украинската атлетичарка, Јарослава Махучих испиша нова историја во дисциплината скок во височина на митингот од Дијамантската лига во Париз.

Јарослава собори рекорд стар 37 години, рекорд кој го држеше Стефка Костадинова од Бугарија која го постави на Светското првенство во Рим во 1987 година.

Костадинова тогаш прескокна 209 сантиметри, резултат кој беше најдобар на планетава се до денеска кога Махучих во Франција дојде до 210 сантиметри и со тоа до нова страница во оваа атлетска „гранка“.

-Доаѓајќи на натпреварувањето имав чувство дека можам да прескокнам 2,07 метри, можеби и 2,10 метри. Конечно ја запишав Украина во историјата на светската атлетика, -порача Махучих.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни