Европски првенства
Ден за историја: Норвешка конечно стави крај на „шпанското проклетство“

Норвешка стави крај на најголемото ракометно проклетство во својата историја, откако оваа вечер извојува победа над селекцијата над Шпанија против која немаше триумф повеќе од две децении.
После точно 25 години и победата во 1997-ма година, скандинавците конечно се израдуваа на нов триумд над „фуријата“ 27:23, а со истиот избија на чело на групата и сега се во пол-позиција за пласман во полуфиналето на Европското првенство.
Норвежаните претрпеа дури 18 порази на последните 19 меча со Шпанија (само едно реми) и на хартија важеа за аутсајдери пред денешниот дуел во Братислава, но на теренот беше поинаку и сега си доведоа во одлична ситуација за борба за медал.
Крајот на проклетството беше најавено уште во првото полувреме во кое Норвежаните поведоа со пет разлика предност и го добија овој дел од играта со „плус три“, а во второто ја одржуваа сигурната предност и сосема заслужено стигнаа до толку посакувана победа против најнепосакуваниот ривал.
Со оваа победа, Норвешка направи да зависи самата од себе во последното коло, кое ќе биде навистина драматично во групата 2 на Европското првенство. Во директен дуел со Шведска, Норвешка ќе решава која селекција ќе оди во полуфиналето, додека Шпанија сепак се очекува да се најде во полуфиналето и покрај денешниот пораз, бидејќи не е за очекување да има проблеми против Полска.
-
Шпанијапред 17 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 16 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 17 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 10 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 13 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Светски првенствапред 6 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 13 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!