Поврзете се со нас

Германија

Демирбај делеше асистенции, Леверкузен обезбеди билет за финалето во Берлин (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Баер Леверкузен е првиот патник во финалето на Купот на Германија и тоа откако вечерва рутински славеше над тимот на Сарбрикен со 3-0.

„Фармацевтите“ рутински го решија овој предизвик против нисколигашот и тоа во средба во која главниот збор го имаше Керем Демирбај. Офанзивецот запиша три асистенции, поточно ги намести головите на Диаби, Аларио и Белараби.

Ова за Леверкузен ќе биде четврто финале во Купот на Германија, прво по 11 години. Дуелот за пехарот е закажан за 4 јули во Берлин, а таму противник на Баер ќе биде подобриот од утрешниот натпревар меѓу Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни