Поврзете се со нас

Италија

Демирал шокиран: Добив жолт картон после ова (Фото)

Објавено

на

Аталанта ја оствари втората победа на четвртиот меч во новата сезона во Серија А, откако синоќна на гостувањето кај Салернитана славеше со минимални 0:1.

Главната разлика ја направи голот на Дуван Запата на 15 минути пред крајот, но наспроти задоволството од триумфот и трите освоени бода, имаше и разочаран играч во тимот на Гасперини.

Турчинот Демирал се пожали за судиската одлука на Паоло Валери, бидејќи пред крајот на првиот дел, доби удар со лакт од Ѓуриќиќ, а во расправијата, и двајцата добија идентична казна.

Валери подели жолти картони, на играчот на Салернитана за опасна игра, а на Демирал за силни протести. Дефанзивецот на Аталанта бараше црвен картон за противникот, но наместо тоа, заврши со жолт картон и со конци на главата.

– Добив жолт картон после ова….., – се пожали Демирал на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни