Поврзете се со нас

Италија

Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Мерих Демирал беше дел од Јувентус додека Кристијано Роналдо беше главна ѕвезда во тимот од Торино, па тоа му овозможило да има и специјален дрес во својата богата колекција.

За жал, Демирал сега одлучи да го продава истиот поради добротворни цели, а причина за тоа е разорниот и страшен земјотрес кој ја погоди Турција во текот на вчерашниот ден.

Турскиот стопер во моментов настапува за Аталанта и од далечина ги следи случувањата во родната земја, од која за жал со секој одминат час пристигнуваат информации за нови починати лица.

Демирал реши да го стави потпишаниот дрес од Роналдо на аукција и сите пари ќе ги донира во најпогодените места од земјотресот.

– Самошто разговарав со Кристијано. Тој ми порача дека е многу тажен за тоа што се случи во Турција. Решив да го продадам дресот со потписот од Роналдо на аукција. Сите приходи од аукцијата ќе бидат искористени за зоната која беше погодена од земјотресот, – порача Демирал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни