Поврзете се со нас

Европски првенства

Дембеле за лошата игра на Французите: Кој не е задоволен…….

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Усман Дембеле влезе како резерва на мечот со Португалија, но времето кое го мина на теренот беше доволно за да биде избран за МВП на четвртфиналето во Хамбург.

Фудбалерот на ПСЖ прв ја презема одговорноста и го отвори пенал рулетот со гол, а самиот вели дека непријатното искуство со Аргентина на Светското првенство им дошло како лекција за новиот пенал рулет.

– Бевме сигурни во себе и вежбавме многу пенали. Јас бев тој што реши да оди прв. Не постигнавме гол од игра на ова Европско првенство, но сепак сме во полуфиналето.

– Имаме карактер и никогаш не се откажуваме, ни недостасува ефикасносот, но позитивно е што се уште сме живи. Офанзивно може да се подобриме, но дефанзивно завршивме одлична работа досега.

– Ние играме вака, а ако некој не е задоволен од нашата игра, тоа е негов проблем. Разочарувачкиот исход од финалето со Аргентина ни донесе искуство за овој пенал рулет и на крајот излеговме како победници, – изјави Дембеле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни