Франција
Дембеле со ладна глава го искоментира заминувањето од Барселона: Спијам мирно навечер….

Усман Дембеле реши да направи нова важна промена во кариерата и ја напушти Барселона кога изгледаше дека ги доживува најубавите моменти во клубот, па затоа неговото заминување донесе и одредено незадоволство на „Камп Ноу“.
Францускиот репрезентативец му заврте грб на Чави Ернандес и реши да направи трансфсер во ПСЖ, а сега со мирна глава вели дека тоа го направил за да си ја исполни желбата која ја имал со години.
Дембеле вели дека немал ништо против Барселона, но едноставно градот Париз и неговата носталгија кон родната земја направила да го режира трансферот кој го прогонува од 2016-та година.
– Ги имав најдобрите две години во кариерата со Чави, тој веруваше во мене, но јас сакав да потпишам за ПСЖ. Немав ништо против клубот, едноставно Париз ја направи главната разлика, ме натера да се премислам и да ја напуштам Барселона. Беше напишано во ѕвездите дека еден ден морам да потпишам за ПСЖ. Имам многу пријатели и блиски луѓе во Париз и сите направија да потпишам за ПСЖ. Клубот ме следи од 2016-та година, ги одбив кога потпишав за Барселона, но сега беше време за промена, – вели Дембеле во интервјуто за „Лекип“, во кое додава дека е доста мирен и поради неговиот прескромен голгетерски учинок во новиот клуб.
Дембеле не постигна ниту еден гол на 13 натпревари за тимот на Луис Енрике, но и покрај тоа, тој потенцира дека навечер заспива мирно и без нервози.
– Секако дека можам повеќе од ова што го нудам досега, како што ќе одминува времето, така ќе бидам подобар. Ги сфаќам и тие што ме критикуваат, но фудбалот не е само гол. Може да имате добар натпревар и без да постигнете гол, но во 2023-та година на аналитичарите им е важна само статистиката. Јас не се оптеретувам со тоа, спијам мирно навечер и имам голема верба во тоа што го правам, – потенцира Французинот.
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат