Поврзете се со нас

Шпанија

Дембеле сакаше да се слика со играчите од Ла Масија, Пике го избрка: Бегај, ти не чинеше еден…… (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Барселона навистина еуфорично и енергично го славеа освоениот трофеј во Копа дел Реј, откако вчера во големото финале го декласираа и размонтираа Атлетик Билбао предводен од тренерот Марселино.

Победата од 4:0 направи Лео Меси да го подигне првиот трофеј во Купот како капитен на Барселона, а истовремено, ова беше прва титула за каталонскиот гигант во новата ера која ја започна Роналд Куман.

Жерард Пике по натпреварот говореше дека тимот направил „рестарт“ откако Жоан Лапорта победи на претседателските избори, но во моментите кога играчите прославуваа со трофејот, искусниот стопер им го привлече вниманието и на медиумите.

Усман Дембеле сакаше да се вметне во сликата со играчи кои се производ на „Ла Масија“ школата, а додека Пике, Алба, Бускетс, Роберто и останатите млади го бараа капитенот Меси кој беше настрана, Жерард го „поздрави“ Французинот во свој стил.

– Бегај од тука, ти не чинеше еден живот……, – со насмевка порача Пике, алудирајќи на огромната сума која ја плати Барселона за неговиот трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни