Поврзете се со нас

Свет

Дембеле постигна два страшни гола и ја прати одбраната на Јувентус на „спиење“ (Видео)

Објавено

на

Барселона пропушти голем број шанси за да го затвори мечот против Јувентус во Далас, па на крајот беше казнета и Кеан со два гола не дозволи победа на каталонскиот гигант.

Напаѓачот на Јуве постигна два гола, но сепак улогата играч на мечот му ја украде Усман Дембеле кој режираше две неверојатни бравури во првото полувреме.

Францускиот крилен напаѓач на двапати ја измеша одбраната на Јуве и со страшни индивидуални потези со поигра со ривалите, а впечатливи беа и неговите прослави.

Тешко е да се избере кој од двата гола е поубав, но затоа прославата беше иста и по двата и Дембеле ги праќаше противниците на „спиење“ со својата гестикулација.

Французинот го продолжи договорот со Барса после сагата која траеше повеќе од седум месеци, а од прикажаното во последно време, покажува сериозна намера да се наметне кај Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни