Дембеле обелодени кој му е најголем проблем во Барселона

dembele-trening

Усман Дембеле полека повторно западна во втор план кај тренерот Ернесто Валверде, а тоа е само потврда за тешката прва сезона која ја има како член на Барселона, која секако беше одбележана од тешката повреда која му го расипа прогресот и адаптирањето во тимот.

Младиот Французин е свесен дека не игра на потребното ниво и дека е далеку од тоа што го прикажуваше во Борусија Дортмунд, а сега во ексклузивното интервју за „Телефут“ откри кои му се главните потешкотии и кој му е главниот проблем оваа сезона.

– Мора да обрнам поголемо внимание на кардио вежбите. Кондициски морам да бидам многу подобар, се изморувам многу брзо кога сум на теренот, најверојатно тоа е така поради стилот на игра. Во Барселона имам подобар стил на живеење од оној во Дортмунд, така да повредите кои ги имав не се причина на моите животни навики. Знам дека не сум во мојата најдобра форма, но верувајте дека ќе се вратам. Потпишав петодишен договор со Барселона, ќе бидам тука уште долго време. Нема да си заминам по само една година. Добивам совети од повозрасните играчи, ми помагаат многу на теренот, но навистина многу е тешко да се адаптирате во Барселона за толку краток период, – признава Дембеле.

Facebook Коментари