Поврзете се со нас

Франција

Дембеле ја признал грешката и му се извинил на Луис Енрике

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

Луис Енрике е познат како тренер кој останува верен на своите методи и дисциплински мерки кои ги воведува во своите тимови, па така во дадени ситуации воопшто не гледа имиња и презимиња кога треба да изреча казна.

Таков беше случајот и овојпат откако реши од првиот тим на ПСЖ да го изостави Усман Дембеле, фудбалер кој задоцнил на еден од последните собири, и кој воедно се трзнал да се расправа со него пред останатите соиграчи.

Шпанскиот стручњак на прес-конференцијата пред мечот со Арсенал откри дека Дембеле е казнет поради дисциплински причини, но истовремено најави дека проблемот може да се реши за само пет минути, само во случај ако тоа го посакува и фудбалерот.

По поразот од Арсенал, Дембеле сфатил дека направил грешка и му се извинил за тренерот за непрофесионалното однесување, по што двајцата решиле да ја остават оваа епизода зад себе.

Како што јавуваат угледните париски медиуми, Лучо го прифатил извинување и веднаш го вратил Дембеле во првиот тим, што значи дека тој ќе конкурира за настап уште овој викенд на мечот со Ница.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни