Франција
Дембеле „испука“ втор хет-трик во четири дена (Видео)

До пред само два месеци, француските медиуми на големо зборуваа за нарушениот однос меѓу Усман Дембеле и Луис Енрике, но француската ѕвезда со своите изданија во последно време се погрижи целосно да избледе оваа приказна која сега нема никакво значење.
Крилниот напаѓач влезе во врвна форма и потврда за тоа се неговите изданија во последно време, или поточно последните девет натпревар на кои на осум постигна барем по еден гол.
Дембеле е најдобар играч на ПСЖ и најзаслужен за нагорната линија која ја фаќа тимот, кој денеска извојува голема победа и над Брест.
По трите гола кои ги постигна против Штутгарт во Лигата на шампиони, Дембеле денеска повторно „испука“ хет-трик во дуелот против Брест, и тоа првите три гола за предност од 1:3.
ПСЖ на крајот славеше со 2:5 во натпревар во кој во листата на стрелците се запиша Рамош (два), како и Дел Кастилјо и Ажорк на спротивната страна.
Интересно, овој натпревар беше најава за она што следи во Лигата на шампиони, бидејќи ПСЖ и Брест се паднаа да играат меѓу себе во баражот за пласман во осминафиналето.
-
Лига на шампиони21 час
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони6 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…