Поврзете се со нас

Франција

Дембеле игра во животна форма, ПСЖ изведе акција како на видео игра (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/PSG_inside

ПСЖ извојува нова победа во француската Лига 1 и покажа дека нема конкуренција во домашното првенство, славејќи вечерва и во дербито со Лион.

„Светците“ на крајот извојуваа победа од 2:3 и продолжија да „мелат“ во континуитет, а повторно еден од најрасположени беше Усман Дембеле.

Крилниот напаѓач игра во животна форма и постигна мајсторски гол по додавање на Кварацхелија за 0:2, но сепак најдобрата акција на натпреварот ја видовме при голот за 1:3.

Мендеш имаше продор по левата страна и го проигра Рамош кој мангупски ја проследи топката до Канг Ин, а овој несебично додаде до Хакими кој со својот втор гол на натпреварот го реши прашањето околу победникот.

Во самата завршница, Лион преку Толисо ги постави конечните 2:3.

Најдобрите моменти погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни