Поврзете се со нас

Франција

Дембеле и Руиз му го донесоа 15. Куп трофеј на ПСЖ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/PSG_English

Тимот на Пари Сен Жермен ја доби битката со Олимпик Лион во Купот на Франција.

Избраниците на Луис Енрике беа подобри со 2-1 и на идеален начин ја заокружија оваа сезона во која клубот потврди дека е доминантен во францускиот фудбал.

„Светците“ двата свои погодоци ги дадоа во првото полувреме и тоа во периодот од 22 до 34 минута кога на вистинското место се најдоа Дембеле и Руиз.

Лион даде на време гол во вториот дел (55 минута), ама до крајот не реализираше барем уште еднаш да го испрати мечот во нова фаза.

Ова воедно беше последниот танц на Килијан Мбапе за ПСЖ, клуб од кој си заминува без обештетување и тоа во редовите на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни