Лига на шампиони
Демба Ба откри дека се слушнал со романскиот судија кој расистички го навреди: Преку друг побара да се чуеме..

Поранешниот член на Њукасл и Челси, а сега фудбалер на Истанбул Башакшехир, Демба Ба се најде во центарот на вниманието кога пред една недела избувна голем скандал во кој четвртиот судија на средбата упати расистичка навреда кон играчот.
По ваквата навреда беше донесена одлука двата тима да се повлечат од теренот, па натпреварот продолжи другиот ден со нови судии.
Скандалот беше во центарот на вниманието тие неколку денови, а сега кога ситуацијата се смири со коментар излезе и Демба Ба.
Искусниот напаѓач откри дека романскиот судија, Себастијан Колтеску му се јавил за да му се извини и да му каже дека тој не е расист како што го осуди целиот фудбалски свет.
– Судијата, Себастијан Колтеску ми се јави и ми кажа дека тој не е расист. Се извини за тоа што се случи таа ноќ.
– Еден човек на кого не можам да му кажам не ми се јави и ми кажа дека судијата сака да зборува со мене, а јас се согласив и тогаш Колтеску ми се јави. Ми кажа дека му е жал за тоа што се случи и потенцираше дека тој не е расист, -изјави Демба Ба за „Хуриет“.

- Англијапред 14 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 10 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Шпанијапред 22 часа
Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)
- Шпанијапред 24 часа
Играчот за врска на Севилја ја презентираше најпродуктивната техника за справување со Меси (Видео)
- Италијапред 9 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 14 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 12 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 23 часа
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)