„Делиите“ употребија реплика од „Жикина династија“ за кореографијата против Келн (Видео)

delii-Keln1

Црвена Звезда ја оствари својата главна амбиција, а тоа е пласман во нокаут фазата на Лига Европа, а вчера повторно имаше посакувана поддршка на својот стадион во Белград каде навивачите создадоа неверојатна атмосфера и фанатично ја прославија првата европска пролет по 25 години.

delii-Keln

Она што популарните „Делии“ го направија на почетокот на средбата, односно кореографијата која ја употребија за да испратат порака до гостите од Келн стана хит во целиот регион, а најмногу поради тоа што е искористен лик и реплика од мега популарната „Жикина династија“ која се поклопи со прекарот „јарци“ на гостите од Германија.

Facebook Коментари