Поврзете се со нас

Македонија

Делегација на ФФМ во официјална посета на УЕФА, Омерагиќ се сретна со Чеферин

Објавено

на

Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ ја предводел делегацијата на ФФМ која во Нион остварила средба со раководството на УЕФА, предводено од претседателот Александар Чеферин.

Омерагиќ и ВД генералниот секретар Дрилон Ганиу се сретнале со Чеферин, како и директорот на националните асоцијации, Зоран Лаковиќ и имале конструктивен разговор околу реформите и инвестициите планирани на македонската фудбалска сцена.

– Би сакал да изразам задоволство од овој конструктивен начин на комуникација со водечките луѓе во европскиот фудбал. Имавме прекрасен состанок и срдечен пречек од првиот човек на европскиот фудбал и еден од неговите најблиски соработници, Зоран Лаковиќ.

– Споделивме многу корисни и вредни информации за состојбата во нашиот фудбал и отворено разговаравме за клучните теми, што покажува дека претседателот Чеферин и раководството на УЕФА ги ценат мислењата на сите земји членки.

– Постои почит и огромна желба меѓу нас да ги најдеме најдобрите решенија за одредени предизвици со кои се соочуваме, за да продолжиме да го развиваме фудбалот на најдобар можен начин. Тоа првенствено се однесува на УЕФА инвестициските фондови и реформите во нашиот фудбал кои ни следуваат. Мора да дејствуваме веднаш за да избегнеме несакани работи и да тргнеме во позитивен тренд и нови успеси, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни