Поврзете се со нас

Англија

Деле Али бил претепан и ограбен во неговиот дом во Лондон

Објавено

на

Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али бил претепан и ограбен во неговиот дом во северен Лондон.

Оваа информација ја соопштија повеќе англиски медиуми, а истата подоцна ја потврди фудбалерот и полицијата. Имено двајца крадци влегле во куќата на Али во која фудбалерот бил заедно со уште неколку луѓе, грабеж при кој англискиот репрезентативец добил нож под грло за да потоа и биде удрен во неговото лице.

За среќа Деле нема посериозна повреда, се е во ред и тоа се гледа по неговата објава на социјалните мрежи.

-Ви благодарам за сите пораки. Страшно искуство, ама сега сите сме во ред. Ја ценам поддршката, -напиша Али.

Крадците одземале неколку скапоцени работи вклучувајќи накит и часовници.

Ова не е првпат фудбалер на Тотенхем да биде ограбуван, пред некое време со таква ситуација се соочи и стоперот Јан Вертонген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни