АТП
Дел Потро се исповеда: Пијам по шест-седум таблети и после ми почнува денот
Хуан Мартин Дел Потро ќе игра проштален меч во Буенос Аирес против Новак Ѓоковиќ на стартот на месец декември, но во најавата за овој егзибициски дуел, Аргентинецот на домашните медиуми им се отвори за цела голгота низ која минал, но низ која минува и ден денеска.
Дел Потро обелодени дека имал шест неупсешни операции на коленото поради кое на крај стави крај на кариерата, а сето тоа направило да му биде нарушено и секојдневното функционирање.
Делпо најмногу жали поради тоа што веќе не е во ситуација ниту рекреативно да се занимава со било кој спорт, а не само со тенис.
– Јас сум многу активен и сакам различни спортови, не само тенис. За жал, покрај тенис, сега не можам да играм ни фудбал, ниту падел. Коленото ми ја одзема среќата, ми ја одзема насмевката. Станувам наутро, пијам по шест-седум таблети, вклучувајќи и такви за заштита на желудникот поради низата апчиња кои ги пијам. Имам и лекови против болка и против анксиозност.
– Кога ќе ме повикаат да играм фудбал, јас сум тој кој го носи пријателот на фудбал, а потоа останувам надвор од игра. Кога е во прашање паделот, јас сум тој кој ги снима пријателите. Не е лошо, но кога сте навикнати да бидете централна фигура, тоа ви доаѓа како навистина тежок удар. Дадов се за спортот, но реалноста е дека коленото ме победи.
– Ми нудат солуции, ми велат да престанам да се глупирам и да набавам протеза за подобар живот, но други ми велат дека сум премлад за тоа. Од своја 31-година не можам да трчам, не можам да се качам по скали, немам шутнато топка. Дали ќе продолжам вака уште 15 години? Тоа е тешка одлука, бидејќи моментално се чувствувам зарабено во тело кое како да не ми припаѓа, – вели Делпо.
-
Англија17 часа
Артета со ист проблем како Венгер, навивачите на Арсенал имаа интересни коментари (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Ван Дер Варт за Мбапе: Тешко му е да прифати дека е „само уште еден играч“…
-
Свет15 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Свет14 часа
Кјелини за дебатата Меси или Роналдо: Ако треба да изберам еден за финале…
-
Италија13 часа
Лацио го исфрли Наполи од Купот на Италија (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Бербатов: Арсенал е новиот Стоук!
-
Евролига14 часа
Партизан со лекција за европскиот шампион, Барселона ја прекина црната серија во Евролигата
-
Англија13 часа
Борнмут му зема мерка на уште еден голем тим во ПЛ, Фулам подобар од Брајтон (ВИДЕО)