Поврзете се со нас

АТП

Дел Потро доби голема чест, па откри: Ѓоковиќ ме натера првпат да заплачам за еден тениски меч

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Хуан Мартин Дел Потро доби чест да биде дел од егзибицијата на „Артур Еш“ и му беше спаринг партнер на Новак Ѓоковиќ во загревањето за Ју-Ес Опен, а тоа донесе да видиме една специјална средба меѓу некогашните големи ривали.

И покрај тоа што одиграа голем број тешки битки на теренот, пријателството е она што посебно се истакнуваше во врската меѓу Ноле и Делпо, па Аргентинецот сега призна дека поради Србинот првпат заплакал додека гледал еден тениски меч.

Лошите повреди го натераа Дел Потро прерано да заврши со професиоаналната кариера и да ги гледа елитните возбудувања од малите екрани, но какошто вели самиот, посебни емоции доживеал кога Новак го победи Карлос Алкарас во големото финале на Олимписките игри.

Токму Дел Потро со две победи двапати го оневозможи Новак да стигне до толку посакуваното злато, но петтиот обид на Србинот беше успешен и заврши со најважниот медал на неговите гради.

– Ѓоковиќ ме натера да заплачам кога го освои златниот медал. Тоа беше првпат да заплачам за еден тениски меч во мојот живот, – порача Дел Потро.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни