Поврзете се со нас

АТП

Дел По со емотивно писмо му се обрати на Ѓоковиќ: Не си само најголем во историјата на спортот…

Објавено

на

foto:x.com/TheMagician5GS

Новак Ѓоковиќ ја прифати поканата и беше дел од спектаклот во Буенос Аирес во кој Хуан Мартин Дел Потро официјално ја заврши тениската кариера.

Дел По веќе некое време не беше активен, но сакаше пред своите сонародници, својот дом да ја заокружи приказната и тоа против асот со кого водеше битки на терените, му нанесе „удари“ на важни настани, ама низ годините изградија фантастичен пријателски однос.

Аргентинецот ја искористи можноста и преку социјалните мрежи со едно писмо му се обрати на Ноле и му се заблагодари за се што направи.

Почитуван Ноле,

-Немам доволно зборови да ти се заблагодарам за се што направи за мене од тој ден и вечерата во Мајами кога ја прифатити оваа луда идеја да бидеш дел од моето збогување во Аргентина и покрај исклучително тешката сезона која е зад тебе. Од тој момент до денот кога ја напушти мојата земја, покажа великодушност што никогаш нема да ја заборавам.

-Јас сум вечно благодарен на тебе, Чарли, Марк и на целиот твој тим што бевте достапни за секој детал, во секој момент кога беше потребно. Ја сфативте и целосно ја разбравте ситуацијата во која се наоѓав и ми бевте најдобар соиграч, на теренот и надвор од него… Го остваривте моето збогување на начин на кој не можев да замислам ниту во моите најлуди соништа.

-Твоето присуство не само што го направи овој настан незаборавен за мене и моето семејство, туку направи да го надмине тенисот. Целата земја уживаше и беше трогната од твоето присуство и беше јасно дека не само што си најголем во историјата на спортот, туку и во животот. Аргентина те сака и вечно сме ти благодарни за шоуто што го прави, великодушноста и посветеноста што ги даде за да го направиш тој ден совршен.

-Чувствувам дека од ова се роди нешто посебно: Вистинско пријателство кое ќе трае вечно. Многу те сакам пријателе. Ти благодариме за се и се гледаме наскоро“, напиша Дел Потро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни