Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро застана зад Лукман: И јас ќе бев многу вознемирен…

Објавено

на

Фото:www.instagram.com/alessandrodelpiero

Аталана доживеа елиминација од Клуб Бриж во Лигата на шампионите, но во исто време и еден друг проблем кој си го создаде тренерот Џан Пјеро Гасперини.

Искусниот стратег јавно и директно го прозва Адемола Лукман, еден од најдобрите ако не и најдобар играч на Аталанта поради тоа што ја презема одговорноста да го изведе пеналот во второто полувреме, пенал кој не беше реализиран.

Гасперини порача дека африканецот е еден од најлошите пеналџии кои ги видел во кариерата, зборови кои допреа до Нигириецот кој се огласи на социјалните мрежи, па јасно е дека се направи една лоша ситуација која на крајот може да донесе заминување на офанзивецот во текот на летниот преоден рок.

Повредениот Лукман му одговори на Гасперини: Ова е непочитување…(ВИДЕО)

Околу оваа ситуација својот став го кажа легендарниот Алесандро Дел Пјеро кој целосно застана зад фудбалерот на Аталанта.

-Човечки е да се прават грешки, вклучувајќи ги и ударите од белата точка. Освен внатрешната динамика на тој тим, ќе бев многу вознемирен од зборовите на Гасперини на прес-конференцијата. Затоа, не сум целосно изненаден што Лукман одговори на тој начин, бидејќи има право да го стори тоа.

-Тој има извонредна кампања и е ставен на коцка, што ризикува да го оштети остатокот од сезоната. Ќе видиме како ќе реагира тимот, -истакна Дел Пјеро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни