Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро за потенцијалниот наследник во Јувентус: Дајте му ја „десетката“!

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/alessandrodelpiero

Алесандро Дел Пјеро периодов работи како стручен коментатор и репортер на натпреварите во Лигата на шампионите, но не може да ја избегне и темата Јувентус, односно да одговара на новинарски прашања за ситуацијата во клубот чиј капитен беше во најголем дел од својата кариера.

Дел Пјеро зборувал за талентираниот Кенан Јилдиз, кој годинава е дел од првиот тим на Јуве и веќе почна да покажува дел од својот голем фудбалски потенцијал. Дел Пјеро е инспирација и за турскиот репрезентативец, кој ги прославува и головите во сличен стил.

Легендата на „бјанконерите“ смета дека Јувентус треба да му го даде дресот со број 10 на Јилдиз, нешто за што се шпекулира веќе подолг период.

– Јилдиз е еден од младите фудбалери кои најмногу ми се допаѓаат, веќе покажа дел од она што може да му го понуди на клубот.

– Би му го дал дресот со број 10 без размислување. Исто така, ќе ги издвојам и Фаџоли и Мирети кои уште минатата сезона покажаа дека можат многу да помогнат, а посебно е важно што се италијански фудбалери, – рекол Дел Пјеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни