Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дел Пјеро за италијанското дерби во плејофот: Се надевам тоа нема да се случи…

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/alessandrodel

Само еден италијански клуб успеа да обезбеди директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите и тоа е Интер кој во осумте натпревари во групната фаза освои 19 бода и на крајот заврши како четвртопласиран зад Ливерпул, Барселона и Арсенал.

Останатите италијански клубови (исклучок е Болоња која е елиминирана) ќе играат дополнителна рунда, односно преку плејофот ќе се обидат да дојдат до најдобрите 16 клуба во Европа со тоа што има сценарио во кое Јувентус и Милан можат да се соочат во дирекна пресметка.

Ова е опција која може да се реализира на утрешната ждрепка, ситуација која легендарниот Алесандро Дел Пјеро не посакува да се случи и реализира.

-Се надевам дека нема да се сретнат во плејофот. Поразот на Јувентус боли. Го задржаа поседот, но не создадоа многу, оставајќи ја Бенфика со шанса да го удвои водството што на крајот го постигнаа со спектакуларен потег. Имаше добра волја, но немаше доволно квалитет. Очигледно нешто недостасува. И клубот мора да пружи помош. Не може да биде виновен само тренерот. На Јувентус му треба единство за да најде пат за бегство, -порача Дел Пјеро за „Скај Спорт Италија“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни