Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дел Пјеро воодушеви со стајлингот, триото Анри-Карагер-Ричардс направи шоу во студиото (Видео)

Објавено

на

Тјери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс традиционално испорачуваат забавно фудбалско шоу од студиото на „Си-Би-Ес“, а не пропуштија можност да ги насмеат гледачите и вечерва во пресрет на дербито меѓу Атлетико Мадрид и Интер.

Присутните во студиото разговараа со Алесандро Дел Пјеро, кој е во функција на стручен коментатор на „Метрополитано“, а наместо за фудбал во ова вклучување повеќе се зборуваше за мода.

Расположените домаќини го пофалија Италијанецот за неговиот стајлинг, а тој со своето однесување дополнително предизвика смеа кај поранешните фудбалски ѕвезди.

Кулминацијата беше кога Дел Пјеро го комплетираше стајлингот со специфичните очила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни