Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро со совет за Дибала и Рома: Овие ситуации…

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Италијанската фудбалска легенда, Алесандро Дел Пјеро испрати порака до Пауло Дибала и Рома за тоа како е најдобро е да се реши ситуацијата со аргентинскиот интернационалец.

Дибала е во последните месеци од актуелниот договор со калчолигашот и веќе со почетокот на новата година може да преговара со клубови кои се заинтересирани за него. Постои опција и да биде продаден во јануари, а не е ни исклучена опцијата да остане, меѓутоа засега ништо не е јасно што дефинитивно им дава материјал на медиумите, па според Дел Пјеро клубот и играчот не треба да дозволат тоа да стане „сапунска серија“, односно треба внатрешно да ги решат работите.

-Она што можам да го кажам е дека Пауло е голем професионалец. Што и да се случува не влијае на неговиот придонес на теренот, како што видовме на последниот натпревар.

-Се надевам дека овие ситуации се решаваат внатрешно, а не медиумски за да се избегне непотребна тензија. На крајот на денот, тоа е многу лесно. Клубот и играчот мора да разговараат и да ги разберат решенијата за иднината и што им е потребно за да најдат заеднички пат. Кога излегувате во весниците, губите време во бескорисни работи, -порача Алекс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни