Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро со критики за Влаховиќ: „Тежок“ е дресот на Јувентус…

Објавено

на

foto: https://twitter.com/juventusfcen

Јувентус оствари победа над Фрајбург во Лига Европа, но истата е минимална (1-0) иако старата дама упати дури 20 удари кон голот на бундеслигашот.

Повторно без погодок остана напаѓачот Душан Влаховиќ за кого ова беше петти дуел без да се запише во листата на стрелција, па српскиот репрезентативец доби критики од италијанската легенда и воедно на тимот на Торино, Алесандро Дел Пјеро.

-Не ми се допадна партија на Душан. Можеби е до психолошкото влијание што не му помага. Можеби е до тоа што дресот на Јувентус е исклучително „тежок“ и секогаш повеќе се бројат натпреварите на кои не сте дале гол. Сите сме свесни дека има квалитет на тресење на противничките мрежи.

-Затоа не ми се допадна што во некои ситуации против Фрајбург, не се обиде да шутира. Важно е што Влаховиќ ужива доверба на тренерот на Алегри и навивачите. Неопходно е да се остане мирен и да продолжи да работи, -порача Дел Пјеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни