Поврзете се со нас

Англија

Дел Пјеро со еден збор ја одбележа последната битка меѓу Клоп и Гвардиола (ФОТО)

Објавено

на

Ливерпул и Манчестер Сити (1-1) ги поделија бодовите во дерби средбата во Премиер лигата, дуел кој беше последен за Јирген Клоп и Пеп Гвардиола во ова натпреварување.

Познато е дека Клоп си заминува од Ливерпул по крајот на актуелнава кампања и останува отворено прашање кога пак ќе има можност да се соочи со Пеп со кого развија големо ривалство низ годините како во Англија така и претходно во Германија.

Останува можноста во сезонава за некој дуел во ФА Купот, ама за тоа треба да се поклопат некои работи што секако е неизвесно, па легендарниот Алесандро Дел Пјеро со еден збор на социјалните мрежи го одбележа овој „последен танц“ на Германецот и Шпанецот.

-Ви благодарам-порача Дел Пјеро со фотографијата на која прегрнати се тренерите на Ливерпул и Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни