Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро сликовито го опиша неверојатното италијанско дерби и посочи: Јувентус имаше еден суперхерој

Објавено

на

Foto:instagram.com/alessandrodelpiero

Интер и Јувентус одиграа еден од најдобрите и највозбудливите дерби натпревари во поновата италијанска фудбалска историја, пресметка од која останаа воодушевени сите неутрални љубители на фудбалот.

Во фудбалскиот спектакл со осум постигнати гола, големите ривали на крајот ги поделија бодовите и се задоволија со реми, иако мора да се признае дека Интер е тој кој треба повеќе да жали.

Италијанскиот првак не реализираше неколку стопроцентни шанси при предност од 4:2, за што беше сурово казнет од гостинот од Торино кој пак прикажа неверојатна истрајност и храброст на „Џузепе Меаца“.

Неверојатниот натпревар не ги остави рамнодушни и големите фудбалски имиња од минатото, па Алесандро Дел Пјеро на сликовиот начин го опиша овој дуел како борба на двајца боксери.

– Интер имаше многу шанси да поведе со 5:2 и мислам дека домаќините ќе жалат само за тоа од овој натпревар. Имаа три, четири или пет шанси да постигнат уште еден гол, но Јувентус имаше суперхерој. Ди Грегорио беше како суперхерој со наметка, а и топката завршуваше малку крај голот.

– Интер не го постигна петтиот гол за победа, а целиот меч беше како да гледавме боксери без гард. Како да сакаа да кажат: Не се браниме, тука сме да се бориме и да видиме како ќе заврши!

– Јилдиз на крајот ја покажа потребната искра која се очекува од него, но целиот Јувентус покажа извонреден карактер. Не се поколебаа и не се обесхрабрија после големите шанси на Интер и на крајот добија награда, – вели Дел Пјеро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни