Италија
Дел Пјеро се огласи и испрати порака по најавите дека ќе се врати во Јувентус

Големи промени се случуваат во италијанскиот великан Јувентус, многу луѓе кои беа препознатливи за клубот во изминативе години си заминуват, па полека, но сигурно тие места се пополнуваат.
Се најавува дека легендарниот Алесандро Дел Пјеро ќе се врати во составот од Торино и ќе го заземе местото на досегашниот потпретседател Павел Недвед. Токму овие вести го натераат Дел Пјеро да се огласи и испрати порака преку социјалните мрежи.
-Јувентус е дел од мојот живот и поради мојата историја секогаш ќе бидам поврзан со овие бои. Како и секој друг фан, јас ја следам оваа ситуација со внимание, а исто така и за мојата работа и мојата јавна улога, неизбежно ме прашуваат за коментар во вакви случаи. Значи, подеднакво неизбежно, многу работи се кажани и напишани.
-Но ова е деликатен момент за клубот и сега единственото нешто што е важно и што мора да го направат оние кои го сакаат Јувентус е да ги стават во најдобри услови луѓето на кои им е доверено да го водат клубот во оваа сложена фаза.
-Тоа е задача со голема одговорност која ја заслужува сета наша поддршка. Сега е време да бидеме уште повеќе Јувентини. Поради оваа причина, мислам дека е правилно да не се коментираат вести и гласини кои можат да прераснат во шпекулации. Тоа ќе го направам денес и во наредните денови. Само сакам да им посакам добра работа на сите оние кои денес имаат работа со Јувентус; тоа ќе го направат со професионализам, посветеност и страст како што заслужуваат клубот, навивачите и нашиот дрес, -порача Алекс кој мина скоро две децении во Торино.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 24 часа
Фердинанд го охрабрува Челси да го урне трансфер рекордот: Тоа ќе биде лудо добар потег