Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро сака да работи во Јувентус: Јас никогаш не сум заминал…

Објавено

на

Foto: sempreinter.com

Алесандро Дел Пјеро скоро две децении го носеше дресот на италијанскиот великан Јувентус, период во кој одигра важен дел од многу големи успеси, но и воедно не го остави истиот и кога му беше најтешко, поточно кога беше испратен во Серија Б.

Јувентус е клубот на неговиот живот и дефинитивно тим во кој сака да добие улога, да работи и помогне истито да се врати на победнички патеки.

-За време на моето патување, низ сите години кога споделивме толку многу радости, како и најтемниот момент од Серија Б, изградив посебна врска со Јувентус. Не само затоа што навивам за клубот, туку затоа што деветнаесет години се навистина долго време. Луѓето ме прашуваат: „Зошто не се враќаш во Јуве?“ Јас одговарам дека не треба да се враќам затоа што никогаш не сум заминал. Кога поминувате многу време и многу искуства во заедница, корените остануваат во земја.

-Добро, не работам таму денес, тоа не е важно – можеби работите ќе се променат во иднина, кој знае? – но никогаш нема да се чувствувам далеку. Таму е важен дел од моето срце. И секогаш ќе биде. Секогаш останувам дел од клубот, -порача италијанскате легенда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни