Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро посочи кој играч од Меси и Роналдо е поблиску до него: Кога играв сакав…

Објавено

на

Славниот италијански ас, Алесандро Дел Пјеро направи кратка анализа и посочи кој од Лионел Меси и Кристијано Роналдо е поблиску до неговиот стил на игра и тоа што долго време го правеше на големата фудбалска сцена.

-Поблиску сум до Меси. Не сум многу висок, кога играв сакав да дадам гол и да и помогнам на екипата користејќи ги моите вештини. Кристијано е друг тип на играч, многу е физички јак, -рече Алесандро.

Воедно тој даде и коментар за предлогот на првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито оваа сезона во Серија А да биде решена со мајсторка меѓу лацијалите и Јувентус.

-Сето ова е многу чудно затоа што прв пат се соочуваме со нешто сосема непознато, мораме поинаку да се однесуваме. Тешко е да се справиме со оваа ситуација. Ми недостасува фудбалот со сите негови сегменти.

-Идејата на Лотито? Навистина се надевам дека ќе има начин да се заврши првенството на регуларен начин. Можеби ќе треба да се игра во јули и август, но се надевам дека нема да има промена на форматот, откажување на натпреварите …, -истакна легендата на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни