Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро: Пирло не е единствен виновник, Роналдо ќе мора да разговара со Алегри!

Објавено

на

Алесандро Дел Пјеро открива дека во ниту еден момент не добил понуда за директорска функција во Јувентус во ексклузивното интервју за „Кориере дела Сера“, но како човек кој е максимално приврзан за својот сакан клуб, вели дека постојано ги следи сите случувања во Торино.

Легендарната „10-ка“ на Јуве реши за првпат да го искоментира отказот на Андреа Пирло и потенцира дека неправедно е да се бара вината само кај него, но исто така даде и свои мислења за ѕвездите чија иднина се уште е неизвесна. Кристијано Роналдо и Пауло Дибала имаат важечки договори до 2022-ра и се уште нејасно е што клубот ќе прави со нив, тема во која не сакаше премногу да навлегува Дел Пјеро, кој сепак даде свој став за двајцата поединечно.

– Не е фер да се обвинува само Пирло за изминатата сезона. Тој не беше единствениот виновник во Јувентус. Сите страдаа цела сезона и тимот потфрли како целина.

– Роналдо? Сметам дека Кристијано влезе во фаза во кариерата во која повеќе не може да ги прави работите кои ги правеше пред пет или десет години. Мора да се адаптира на актуелниот потенцијал кој го поседува, а тој се уште е на високо и на врвно ниво.

– Ќе мора да разговара со Алегри и со одговорните лица од клубот, па заедно ќе донесат одлука дали има логика се уште да останат заедно, – вели Дел Пјеро кој беше доста порезервиран за иднината на Дибала.

– Се би дал за Дибала да ја почувствува довербата во Јувнетус, но не знаеме дали се случува тоа. Ќе видиме што ќе се случи во блиска иднина, – додава популарниот „Пинтуричио“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни