Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро го предупреди Јувентус за Дибала: Сега ситуацијата е покомплицирана

Објавено

на

Легендата на италијанскиот фудбал, Алесандро Дел Пјеро добро знае што значи да се носи дресот на Јувентус, да се игра на високо ниво и да се освојуваат трофеи.

Тој многу добро ги знае состојбите во „старата дама“, па така тој проговори за едно многу важно прашање за клубот, иднината на Пауло Дибала. Дибала од 2015 година е член на „бјанконерите“ и се почество веќе го гледаме со капитенската лента со оглед на тоа што полека, но сигурно годините го газат Џорџо Кјелини.

Меѓутоа договорот на Аргентинецот истекува во месец јуни и ако се погледне од денешен аспект тој никогаш не бил поблиску до заминува од Торино.  Двете страни имаа проблем да пронајдат заеднички јазик и според Дел Пјеро како што минува времето ќе биде се потешко да се дојде до средина и подавање на рака.

-Сега ситуацијата е покомплицирана. Видовме како Дибала се мачеше минатата сезона и тој требаше да замине пред две години. Промените не се поволни за да водат кон иднината. Секако дека е комлицирано. Во спротивно, договорот веќе ќе беше затворен, -истакна Алесандро.

Пауло има учинок од 111 погодоци на 276 натпревари како член на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни