Италија
Дел Пјеро: Камбијасо се наоѓа во навистина незгодна ситуација

Пеп Гвардиола е цврсто решен да направи поголем рез во тимот и да гледаме еден нов Манчестер Сити наредната сезона, а еден од играчите кои се на неговата листа е и италијанскиот репрезентативец, Андреа Камбијасо.
Дефанзивецот кој може да покрие повеќе позиции на теренот е многу ценет на трансфер пазарот токму поради неговата поливалентност, па фактот што Јувентус за неговиот трансфер може да инкасира и повеќе од 60 милиони евра прави неговиот случај да биде навистина посебен.
Клубот од Торино не ги затвора вратите и е подготвен да се откаже од Камбијасо за резонска сума на пари, а тоа го тера легендарниот Алесандро Дел Пјеро да мисли дека од овој трансфер би можеле да профитираат сите страни.
– Трансфер во Манчестер Сити може да биде добро решение за сите. Андреа се наоѓа во ситуација кога сите го сакаат во својот тим, прерасна во извонреден фудбалер на клупски план, но и во репрезентацијата. Токму поради тоа Сити сака да го купи за својот тим, сметам дека Камбијасо веќе ја докажа својата вредност.
– Сепак, одговорот на најважното прашање го има само тој, него му припаѓа конечната одлука. Може да се каже дека е вистинско време за заминување, но може да се каже и дека Јуве планира да го следи трендот на Сити. Ќе видиме што ќе се случи, но ова е незгодна ситуација за него. Јувентус од една страна сака да расте, додека Манчестер Сити како клуб се соочува со судење и никој не знае што може да се случи со нив. Само Камбијасо може да ни открие повеќе детали за што точно размислува, – вели Дел Пјеро.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет13 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Шпанија12 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони15 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Франција11 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА11 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Италија9 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста