Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро издвои четири екипи во трката за Скудетото

Објавено

на

Foto:instagram.com/alessandrodelpiero

Италијанската фудбалска икона, Алесандро Дел Пјеро издвои четири екипи кои според него ќе се борат за пехарот во Серија А.

Доста интересно и возбудливо е во првиот дел од актуелнава кампања во Калчото каде од првото до шестото место разликата е едноцифрена што доволно говори за изедначеноста и можноста да се дојде до Скудетото.

-Интер е на врвот, но тука се и Аталанта и Наполи кои имаат шанси, да видиме што ќе се случи. Таму е и Јувентус, -вели Алекс и додава:

-Немам фаворити. Тоа што има толкава конкурентност и рамнотежа е позитивно за спектаклот и за интересот за лигата. Во моментов нема многу лиги во Европа со оваа тешка борба, -порачува Дел Пјеро кој многу добро знае што е потребно и како се станува шампион на Италија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни