Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дел Пјеро: Интер треба да жали само за една работа

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Алесандро Дел Пјеро беше гостин на „Си-Би-Ес“ и даваше свои коментари за големото дерби во Мадрид, особено поради тоа што во игра беше последниот италијански претставник во Лигата на шампионите.

По завршниот чин на „Метрополитано“, Италијанците осанаа без свој учесник во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, а популарниот „Пинтурикио“ смета дека тимот на Симоне Инѕаги треба да жали само поради тоа што предоцна сфати дека треба да игра фудбал во продолженијата.

– Единствено за што треба Интер да жали е тоа што предоцна сфати дека треба да игра фудбал. Почнаа да играат добар фудбал дури во второто продолжение.

– Имаат добар тим и треба да бидат подобри кога имаат посед на топка. Факт е дека тие најдобрите шанси ги имаа преку контри. Сметам дека Интер може да направи многу повеќе кога ја има топката во своите нозе, – заклучи Дел Пјеро.

– Пеналите се пенали, некогаш ви треба сереќа, некогаш се подготвувате подобро од противникот, некогаш голманот прави неверојатни одбрани…., – додава Алесандро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни