Италија
Дел Пјеро го истакна главниот проблем на Јувентус: Мота мора да работи на тој сегмент
Алесандро Дел Пјеро го коментирал вчерашното реми на Јувентус со Болоња и испратил важна порака до актуелниот тренер Тиаго Мота.
Клупската легенда на „бјанконерите“ смета дека повредите дефинитивно земаат данок во однос на резултатите на екипата, но го истакнал главниот проблем за клубот.
Дел Пјеро го истакнал фактот што сите екипи се екстремно мотивирани кога се соочуваат со Јувентус, а тоа посебно важи и за фудбалерите како Дан Ндоје, кој вчера одигра одличен натпревар и постигна гол за Болоња.
– Кога играш против Јувентус, имаш максимална мотивација бидејќи се уште се работи за голем клуб.
– Сите што доаѓаат во Торино сакаат да покажат што знаат, затоа играчи како Ндоје играат со таква самодоверба. Проблемот е во тоа што другите екипи не се исплашени од Јувентус, мора да видиш страв во очите на противниците кога се соочуваш со нив. Тоа во моментов не се случува и Мота мора да работи на тој сегмент.
– Актуелната ситуација е дека сите ривали се чувствуваат комфорно кога играат со Јувентус, веруваат дека можат да победат. Болоња можеби не успеа да победи, но реми е одличен резултат за нив, – рекол Дел Пјеро.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот