Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро ги демантираше „бомбастичните“ најави од Италија: Не сум добил повик од никој

Објавено

на

Foto:instagram.com/alessandrodelpiero

Италијанската фудбалска Федерација во февруари наредната година треба да добие нов претседател, а изминативе неколку дена во јавноста посебно се шпекулираше за едно звучно име.

Медиумите од „чизмата“ пренесоа ексклузивни информации дека Алесандро Дел Пјеро ќе биде предложен како кандидат од страна на клубовите и техничките тела, но бидејќи во последните 72 часа се појавија разноразни шпекулациите, сега со официјален став излезе и „Пинтурикио“.

Легендата на Јувентус признава дека нема ништо против да се кандидира за една таква важна функција во италијанскиот фудбал, но апострофира дека нема да го направи тоа се додека не добие повик од луѓето од Федерацијата.

– Не може да станете едно утро и да кажете „ќе се кандидирам за претседател“. Мора да добиете покана за да бидете претседател, а до денеска, јас не сум добил никаква порака од луѓето во Федерацијата. Не може да влезете таму без да добиете покана.

– Јас сум човек што сака да слуша, кој зборува и кој е информиран за се околу фудбалот. Јас сум човек што се потпира на тимскиот дух. Еден маж и една жена не можат да променат ништо, потребен ви е тимски дух за да го направите тоа. Јас ја давам душата за националниот тим, го правев тоа и како играч и не ми отишол во Федерацијата за да правам проблеми. Ќе одам таму само ако ме побараат. Ако сакаат да ми се јават, ќе седнам на маса со нив и ќе дискутира. Засега, нема ништо конкретно, – тврди Дел Пјеро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни