Поврзете се со нас

Европски првенства

Дел Боске самоуверен: Не сакам да покажам непочитување кон Германија, но играта на Шпанија……

Објавено

на

Foto:x.com/cdcastellon

Висенте Дел Боске ја наследни златната генерација од Луис Арагонес и го одржа тимот на највисоко можно скалило, бидејќи тој беше човекот кој ја водеше „фуријата“ до светска титула во 2010-та година.

Легендарниот фудбалски стручњак е надалеку ценет и неговото мислење секогаш предизвикува големо внимание во јавноста, а така е и сега кога дава најава за големото дерби во четвртфиналето на Европското првенство.

Големите возбудувања ќе почнат во петок за мега пресметка меѓу Германија и Шпанија, дуел пред кој Дел Боске влегува со максимална самодоверба за триумф на тимот кој го води Де ла Фуенте.

– Шпанија е апсолутен фаворит, немам никаков сомнеж дека ќе победиме. Шпанија игра побрзо и со повисок ритам од Германија. Прилично сум убеден дека ќе победиме и дека ќе се пласираме во следната рунда.

– Не сакам да изгледа како непочитување кон Германија, но тоа е она што го мислам. Мора да бидеме понизни, но генерално гледано, Шпанија е подобра во многу фудбалски аспекти, – вели Дел Боске во интеврју за „Шпорт Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни