Поврзете се со нас

Шпанија

Деко за наследникот на Чави: Новиот тренер мора да биде свесен за тоа…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Чави Ернандес си заминува од Барселона по крајот на оваа сезона што е многу важно прашање, тема која управата мора да го реши, поточно да донесе човек кој ќе може вистински да одговори.

Познато е дека шпанскиот клуб има проблеми на финансиски план што може и да биде пречка кога е во потрагата по нов тренер затоа што истиот ќе мора да работи со ограничени ресурси, нешто што го потенцираше спортскиот директор Декој кој ќе има најголема одговорност при изборот на ннаследникот на Ернандес.

-Нема да имаме сериозни засилувања ова лето и новиот тренер треба да биде свесен за тоа. Потребен ни е ментор кој е свесен што е Барселона, но и ја разбира моменталната ситуација. Рафа Маркез си ја врши работата во резервниот тим и продолжува да се развива, но не е меѓу опциите. Тој продолжува да расте, но може да го преземе првиот тим само во итен случај, -истакна Деко кој говореше за играчкиот кадар и проблемите.

-Губењето на Гави беше удар. Сега ќе се обидеме да го минимизираме со Андреас Кристенсен во средниот ред. Родри е најблиску до тоа (последен играч за врска), но Манчестер Сити не би го продал. Кимих е уште еден голем играч, но тој е во Баерн и не би било лесно да се ангажира. Алеиш Гарсија е одличен играч, Чави исто така рече дека му се допаѓа и може да ни биде корисен, но ќе видиме. Да се ​​продадат Френки де Јонг и Роналд Араухо би било грешка, -заклучи Бразилецот со португалски пасош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни