Поврзете се со нас

Шпанија

Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Деко нема идеални услови за работа во Барселона или поточно проблемите со финансиите на клубот не му дозволуваат да ги прави сите посакувани потези како спортски директор на клубот.

Меѓутоа ситуацијата е така како што е и ќе мора да се пронајдат соодветни решенија, но и да се соочат со некои моменти, потези кои се разочарување за клубот и навивачите.

Добар дел од фан базата на каталонците беше разочарана што ова лето клубот го загуби талентираниот напаѓач Марк Гију кој реши да се пресели во Челси. Марк беше на вратата на првата екипа, почна да добива шанса од Чави Ернандес, даде и гол за победа против Атлетик Билбао, ама „сините“ тропнаа на неговата врата, а тој ја прифати понудата и тоа откако беше активирана откупната клаузула од 6 милиони евра.

-Челси ја плати откупната клаузула и тој си замина. Тој имаше стар договор, со клаузула за заминување од 6 милиони евра. Му беше понуден важен договор и важен проект, но тој донесе одлука да тргне по друг пат.

-Фудбалерот се одлучи за понудата од Челси. Ние му понудивме проект да биде напаѓач на Барса, но тој не сакаше, -обелодени Деко.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни