Поврзете се со нас

Шпанија

Деко за ѕвездата на Барса која неодамна потпиша договор: Ако во блиска иднина се премисли, вратите ќе му бидат отворени

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Деко како спортски директор на БАрселона немаше голема работа во јануарскиот преоден рок, но затоа мораше да решава едно важно прашање кога се работи за Роналд Араухо.

Уругвајскиот стопер искажа желба да си замине од Барселона и беше во напредни преговори со Јувентус, но по освоениот трофеј во шпанскиот Суперкуп, работата драстично се промени и на крајот стави потпис на нов договор со каталонците.

Неколку недели по потписот, излегоа информации дека во договорот се вкличени олеснитенли клаузули според кои Араухо може да си замине од Барселона за одредна сума на пари, а доколку повторно размислува за такво нешто, Деко тврди дека вратите ќе му бидат отворени.

– Не може да задржите играч кој не е среќен, на крајот тоа прераснува во проблем за останатите во тимот. Тешко е да се помирите со ситуации кога не играте, но ние зборувавме со Араухо на таа тема.

– На крајот кажа дека е среќен во Барса и потпиша нов договор. Ако во блиска иднина го промени мислењето, ќе му бидат отворени вратите од наша страна. Сепак, после тоа што се случи во јануари, сметам дека тоа нема да биде негова цел. Немаше да стави потпис на нов договор ако се уште размислува за такво нешто, – вели Деко во интервјуто за „ТВ3“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни