Поврзете се со нас

Шпанија

Деко за Чави: Нормално е да има критики кога не играме добро и не победуваме…

Објавено

на

Барселона некое време не игра како што треба, поточно имаше настапи под своето ниво и загуби бодови во трката за пехарот во Шпанија.

Таквите настапи донесоа доста критики за тренерот Чави Ернандез кој во неколку наврати бараше, имаше различни изговори и за тоа доби забелешки, поточно се зголеми притисокот врз него. Се појавија и вести дека може да биде заменет ако резултатите не се подобра, ама клубот на чело со претседателот Жоан Лапорта застана зад него и му даде максимална поддршка.

Спортскиот директор, Деко ги разбира критиките кога екипата не игра добро, но за него нема никаква дилема дека Чави е најдоброто решение во овој момент.

-Не мораме ништо да потврдиме, Чави е наш тренер, тој има договор и неодамна го обнови. Кога некој клуб го обновува својот тренер тоа е затоа што му верува, нема дискусија. Разбирам дека кога не играме добро и не победуваме има критики, но тоа е нормално. Ова е фудбал и ние сме навикнати на него.

-Нормално е, знаеме дека гласините се нормални во Барса кога не иградобро. Но ние знаеме што сакаме секојдневно, знаеме дека моравме да враќаме играчи кога мислевме дека ги имаме сите, Гави се повреди. Но, ова е фудбал и најважно е секојдневието, колку напорно работиме, колку патиме во пораз и ова е тим, -заклучи Деко.

Барса вчера го доби Порто и обезбеди пласман во нокаут фазата на ЛШ, сега ја очекува дербито со Атлетико Мадрид во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни