Поврзете се со нас

Шпанија

Деко уловен на средба со агентите на една од најголемите европски ѕвезди (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона се наоѓа во сериозна финансиска криза и тоа го лимитира раководството со ресурси и опции на трансфер пазарот, но дури и во таква ситуација каталонскиот гигант успева да привлече престижни фудбалери како што се Левандовски, Гундоган, Жоао Феликс и Жоао Кансело.

Барса направи многу финансиски корекции по враќањето на Жоан Лапорта и се обидува да се рехабилитира од тешката криза на економски план, па дури и во ситуација кога клубот не може да си дозволи стратосферски трансфери, директорите наоѓаат начини да ги користат своите конекции за да бидат донесени реномирани засилувања.

Мислејќи на иднината, Деко би требало да биде еден од клучните фактори во проектот на Барселона, а бидејќи тој најави позначајни промени претстојново лето, сега се најде во фокусот поради средбата која ја имал со агентите на Ерлинг Халанд.

Директорот на Барселона вчера бил уловен на работен состанок со Рафаела Пимента и Максвел, па се појавија шпекулации дека клубот се обидува да го привлече најдобрирот голгетер во изминатата година, особено во ситуација кога се чини дека Реал Мадрид го има договорено Килијан Мбапе.

Операцијата сигурно не би била лесно изводлива за каталонците, но остварениот контакт со претставниците на Халанд буди надеж кај фановите на Барса, особено поради тоа што беше пренесено дека состанокот траел околу 3 часа во познат ресторан.

Рафаела Пимента ја наследи империјата на Мино Раиола и се обидува на најдобар можен начин да ја продолжи неговата работа, а нејзина најголема ѕвезда во овој момент е токму Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни