Поврзете се со нас

Свет

Деко со уникатен одговор за дебатата Меси или Роналдо: Идеален свет би бил…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се две големи имиња, мајстори на фудбалската игра кои дефинитивно ќе бидат запаметени како едни од најдобрите играчи на сите времиња.

Двајцата се уште се активни, Меси во САД, Роналдо во Саудиска Арабија, места на кои се уште „гризат“ и воодушевуваат со своите квалитети, потези, меѓутоа повеќе е јасно е дека тие се на крајот на патувањето и останува да се види уште колку време ќе бидат во игра пред да ги остават копачките.

Во меѓувреме дебатата Меси или Роналдо трае и ќе трае, па секогаш е интересно да се слушне ставот од значајни имиња, луѓе кои имале можност да играат, соработуваат со двајцата, а еден од нив е Деко, сегашниот спортски директор на Барселона.

-Ајде! Тие се двајца различни играчи. Кристијано беше чисто крило во тие рани денови – тој ја добиваше топката и размислуваше само за дриблинг покрај противниците. Тој порасна многу како играч, станувајќи конкурентен ѕвер што го гледавме толку долго. Тој отсекогаш сакал да се развива на секој можен начин. Меси отсекогаш бил природен талент. Тој ја адаптираше својата игра со текот на времето, но неговиот начин на движење отсекогаш бил ист, па затоа е тешко да се избере помеѓу едното и другото.

-Идеален свет би бил да ги имам двајцата во мојот тим- со нив, само им ја додаваш топката, а другото е готово, -порача Деко за „Фор-фор-ту“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни